Најдобриот на Европа на најдобриот од Јужна Америка?


Уствари викендов е затишје пред бура! ↓↓↓


Претседателот на јужноамериканската фудбалска конфедерациај дојде до интересна идеја.

Имено, Алехандро Домингез, претседател на КОНМЕБОЛ одлично се сети за на најважната споредба работа на светот да и подари уште еден спектакл.

Тој дојде до идеја, за после одигрувањето на првенството на Европа и Јужна Америка, да се одигра дуел меѓу победниците на тие две натпреварувања.

Феноменална идеја! Не е разрешено кој значај ќе го носи тој натпревар но нема сомнеж дека фудбалските љубители ширум светот со радост ќе го дочекаат овој настан.

Да потсетиме, Копа Америка „Сентернарио“ завршува на 27 јуни, а во финалето силите ќе ги одмерат бранителот на титулата Чиле и селекцијата на Аргентина.

За 10 јули е закажано големото финале на ЕП,  а утре на програмата се првите мечеви од осмина финалето.

Од 15:00 часот се среќаваат Швајцарија и Полска, три часа после тоа силите ќе ги одмерат Велс и Северна Ирска, а во вечерниот термин за четвртфинале ќе се борат Хрватска и Португалија.