Најголемата опасност за Македонија доаѓа од – Имобиле!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Македонија вечерва го игра историскиот натпревар од баражот за пласман на Светското првенство (СП) во Катар, а пред мечот беа објавени статистички податоци според кои може да забележиме дека најопасен кон голот на Македонија ќе биде Чиро Имобиле.

Напаѓачот на Лацио блеска веќе неколку сезони во Серија А, а игра одлично и за неговата татковина, а тоа го покажа безброј пати досега.

Имобле има најголем процент на реализација во Серија А, односно 25 отсто од шансите ги завршува со гол, па затоа е и означен како најопасен, сепак треба да се внимава и на Берарди и Инсиње.