Најмоќниот летен преоден рок: Потрошени беа 260 милиони евра, а сè почна со – Бензема!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Ова лето се случија неколку звучни трансфери, а посебно внимание привлекоа Ерлинг Халанд во Манчестер сити, Садио Мане во Баерн Минхен, Анхел Ди Марија во Јувентус, Ромелу Лукаку во Интер и Дарвин Нуњез во Ливерпул.

Можеби најмоќниот трансфер период во историјата го реализираше Реал Мадрид во 2009 година, кога предводен од Флорентино Перез купи неколку од најдобрите светски фудбалери.

Сè почна со трансферот на Карим Бензема, кој беше платен 35 милиони евра, а се покажа како фантастична инвестиција и тоа го покажуваше на секој меч во претходните години.

Тоа лето во Мадрид пристигнаа и Кристијано Роналдо за 94 милиони евра и Рикардо Кака за 64 милиони евра, додека за Чаби Алонсо беа потрошени околу 35 милиони евра.

Од познатите имиња во соблекувалната на „кралевите“ беа Раул Албиол, Алваро Негредо, Алваро Арбелоа, Естебан Гарнеро, Антонио Адан и Езекиел Гарај.

Перез тоа лето потроши повеќе од 260 милиони евра, а во првата сезона на новите „галактикоси“ не беше освоен ниту еден трофеј.