Најзгодната фудбалерка во светот заработува богатство од Инстаграм (Фото)

Популарната фудбалерка на Астон вила, Алиша Леман од секоја објава на Инстаграм заработува богатство. Според најновите податоци, таа од секоја брендирана објава добива 280.000 евра.

Покрај тоа, згодната фудбалерка заработува и околу 400.000 долари од својот клуб годишно, а има и спонзорства, но и календар за 2024 година кој чини 70 евра.

Леман е популарна швајцарска спортистка и на социјалните мрежи има над 15 милиони фанови.