Нани откри каде Роналдо ќе ја продолжи кариерата


Уште еден поткаст! Fat Cacko: Од гитара до Fat kitchen bistro и најдобриот бургер во градот ↓↓↓


Поранешниот фудбалер на Манчестер Јунајтед, Луис Нани откри каде Кристијано Роналдо планира да ја продолжи кариерата.

Имено, според Нани, Роналдо, кој во моментов настапува во Јувентус по одличните години поминати во Манчестер Јунајтед и Реал Мадрид,  планира кариерата да ја продолжи во МЛС Лигата во САД.

„Пред неколку години тој ми кажа дека веројатно ќе заврши во Америка. Не е 100% сигурни, но веројатно ќе се случи. Постои шанса“ –изјави Нани кој и самиот игра во МЛС лигата во дресот на Орландо Сити.