Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓
Според пишувањето на италијанските медиуми, Наполи во летниот преоден рок ќе го ангажира Сергеј Милинковиќ – Савиќ.
Овој 21 годишен фудбалер во овој момент настапува за Лацио каде што стигна на позајмица минатата година од Генк за десет милиони евра, а со своите добри настапи во сезоната која е зад нас го сврте вниманието на бројни клубови.
Како што се наведува, Наполи покажува најголем интерес за овој офанзивец и веќе имало разговори помеѓу управите на двата клуба.
Сергеј Милинковиќ – Савиќ беше на мета на Наполи уште додека настапуваше во Белгија, па ова ќе биде прилика трансферот да се реалзира.