Наполи по пенал рулетот го совлада Јувентус и го освои Купот на Италија (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Екипата на Наполи е новиот освојувач на италијанскиот куп откако во финалниот натпревар одигран на „Олимпико“ го совлада тимот на Јувентус по подоброто изведување на пеналите.

Во регуларниот дел натпреварот заврши без победник и без постигнат погодок, а по финалните 90 минути веднаш се премина кон шутирање на пенали.

Вреди да се напомене дека нашиот Елиф Елмас ги одигра последните минути од средбата и имаше огромна шанса во 93. минута кога од еден метар шутираше, а Буфон со вонсериска интервенција му одбрани, а топката заврши во стативата.

Наполи победи во пенал рулетот со 4:2. Трагичари за Јувентус беа Пауло Дибала и Данило кои не ги реализираа првите два пенали. Кај Наполи сите играчи шутираа без грешка.

Последен пат Наполи го освои Купот на Италија во 2014 година кога во тимот беше уште еден Македонец, легендарниот Горан Пандев.