Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓
Клубот од „Сан Паоло“ вредно работи на засилување на ростерот, горките позиции наскоро ќе бидат решени.
Две засилувања веќе стигнаа во Наполи, но делеку се од тоа дека Де Лаурентис тука ќе запре.
Се чека под Везув и расплетот на ситуацијата околу Пол Погба, доколку Французинот официјално заврши во Јунајтед, љубимецот на Наполитанците Гонзало Игуаин најверојатно ќе замине на пат за Торино.
Значи, стигнаа Тонели и Џакерини, а клубот сега преговара со еден играч за врска, и неколку десни бекови и два чувари на мрежата.
Во „срцето“ на средниот ред може да стигне талентираниот Французин од Лион, Корентин Толисо.
Наводно со играчот се е договорено, останува уште да се задоволат апетитите на Лион, па Толисо да премине на Сан Паоло.
Кога е во прашање позиција десен бек, јасно е дека најмногу го целат Хусај а ќе бидат потребни алернативи, а како опција фигурира Видмер од Удинезе и Џулио Донати од Мајнц.
Во клубот се загрижени поради физичката подготвеност на Пепе Реина, и на него бараат алтернатива.
За ротација може да биде доведен Нето од Јувентус, а може да се случи и Наполи во целост да се откажат од шпанскиот чувар на мрежата.
Тие имено се заинтересирани за голманот на Аталанта Марко Спортиело, а се верува дека на Аталанта може да го понудат Пепе во замена за Италијанецот.
Ќе видиме како работите ќе се одвиваат, во секој случај, спортскиот директор на Наполи Џунтоли работи на неколку фронтови.