Наполи пукна „петарда“: Елмас му даде гол на Јувентус (Видео)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Лидерот во Серија А, Наполи го уништи Јувентус со 5-1 во 18. коло од калчолигата, а еден од головите постигна македонскиот репрезентативец Елиф Елмас.

Елмас во 72. минута од мечот погоди за 5-1 и така да ја завери победата на Наполи, додека останатите погодоци ги постигнаа Виктор Осимен (два), Квича Кварацхелија и Амир Рахмани.

Наполи има 47 бодови по 18 одиграни кола, односно 10 повеќе од Милан и Јувентус.