Наполи во сериозни проблеми – Осимен ќе паузира еден месец!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Италијанскиот првак Наполи се соочува со сериозни проблеми затоа што не може да смета на напаѓачот Виктор Осимен.

Осимен се здоби со повреда на тетивата за време на натпреварот меѓу Нигерија и Саудиска Арабија, по што ги пропушти дуелите против Верона и Унион Берлин.

„Тутомеркато“ објави дека 24-годишниот голгетер ќе паузира уште еден месец, односно ќе се врати на дуелот против Аталанта на 25 ноември.

Осимен сезонава настапи на осум натпревари во Серија А и притоа постигна шест гола за Наполи.