Направија план како да му соопштат на единствениот човек кој не знае дека почина Марадона


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Повеќе од една недела помина откако почина легендарниот аргентински фудбалер Диего Армандо Марадона. Додека голем дел се помирија со вистината, неговиот поранешен тренер Карлос Биљардо не знае уште за оваа тажна вест.

Биљардо можеби е единствениот од кого се крие дека Марадона почина минатата среда, па досега се бараше начин како да го информираат зашто не е во најдобра здравствена состојба.

„На Карлос му ја исклучивме телевизијата, не сакавме да дознае за Марадона“, кажа Хорхе Биљардо, неговиот брат.

Синот на поранешниот тренер реши да му ги пренесе тешките вести заедно со неколку поранешни фудбалери од 1986 година.

„Неколку фудбалери од таа генерација ќе го посетат Карлос, ќе го процениме неговото здравје и ќе најдеме начин да му кажеме дека Марадона повеќе го нема“, кажа синот.