Наскоро би можел вистински да заплаче: Винисиус заминува од Реал Мадрид?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Винисиус Жуниор се расплака на прес-конференција пред мечот меѓу Шпанија и Бразил во Мадрид, но допрва би можел да добие нова причина за солзи.

Килијан Мбапе се очекува да потпише договор со „кралевите“ во следниот период, а Реал Мадрид ќе мора да жртвува една од своите ѕвезди и тоа најверојатно ќе биде Родриго, но претседателот на клубот Флорентино Перез го сака и Ерлинг Халанд.

Шпанските медиуми пишуваат дека Реал е подготвен да се откаже од Винисиус за да го купи Халанд, кој има откупна клаузула во својот договор која важи од 2025 година.

„Никогаш не знаеме што ни носи иднината“, кажа Халанд неодамна по прашањето дали би потпишал за Реал Мадрид.