„Наследникот“ на Меси конечно се враќа на теренот!


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Лионел Меси ја напушти Барселона и го остави дресот со број 10, кој му припадна на талентираниот 18-годишен Ансу Фати.

Овој млад фудбалер доби голема чест да го носи овој број, а со него ќе има можност за првпат да заигра во дуелот против Леванте.

Фати поради тешката повреда на коленото од теренот отсуствуваше 10 месеци, а сега е подготвен за враќање на теренот и ќе добие минутажа против Леванте.

Се очекува 18-годишниот напаѓач да одигра околу 20 минути во мечот и тоа ќе му биде прв натпревар за клубот од ноември минатата година, кога се повреди во дуелот против Бетис.

Фати е најмлад стрелец во историјата на каталонскиот гигант, и тоа со само 16 години и 304 дена, а вкупно настапи на 41 дуел и постигна 13 голови.