Наследникот на Салах наместо во Ливерпул се сели во Манчестер?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Манчестер јунајтед и Ливерпул се вечни ривали, па освен на теренот, се борат и на трансфер-маркетот каде што „црвените ѓаволи“ се на праг да добијат големо засилување.

Англиските медиуми пишуваат дека Јунајтед е блиску до потпис со планираниот наследник на Мохамед Салах во Ливерпул.

Ливерпул сакал да го купи Федерико Кјеза од Јувентус, но гигантот од Манчестер се вклучил во трката и му нуди подобри финансиски услови од вечниот ривал.

Кјеза сака да игра во Премиерлигата, но засега не е познато чиј дрес сака да го носи во иднина.