Александар Вучковски - сомелиер: Како македонските вина го освојуваат светот? ↓↓↓
Сезоната во англиската Премиер лига е завршена, барем што се однесува до борбата за шампионот.
Ливерпул е целосно незапирлив за сите оваа сезона, па „црвените“ одамна се гледаа како нови шампиони, а трофејот беше потврден пред неколку дена, откако Манчестер Сити заостана толку што не можеа да го достигнат никако.
Вечерва на „Етихад“, граѓаните ќе го пречекаат новиот шампион на Англија. Овој меч, според проценките од почетокот на сезоната, требаше да се реши многу во борбата за титулата, но на крајот стана само обичен натпревар.
Меѓутоа, ако не одлучува апсолутно ништо на врвот, тогаш граѓаните сигурно ќе сакаат да докажат дека не се полош тим од Ливерпул. Тие сигурно ќе имаат голема желба да одиграат врвен натпревар и да го победат новиот шампион.
Ливерпул нема да се опушти. Јирген Клоп и играчите очајно сакаат да ја надминат границата од 100 поени до крајот на сезоната и да имаат причина да дадат се од себе вечерва.