Навивач од Менди бараше услуга, фудбалерот на Реал го одби


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Ферланд Менди е играч кој минатото лето пристигна во Реал Мадрид од редовите на Лион за високи 50 милиони евра.

Менди во последно време е стандарден во тимот на Зидан и е играч кој освојува симпатии кај навивачите.

Сепак, со еден свој потег кога одеше на тренинг, тој не се прослави затоа  што одби да испрати порака која едно дете сакаше да ја сними.

Менди се фотографираше со младиот фан, но одби да му сними видео порака, по што беше тргнат од лицата задолжени за редот пред тренинг центарот на Реал.