Навивач во Бундеслигата стана – судија! (Видео)


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


На натпреварот меѓу Хофенхајм и Келн беше забележана несекојдневна ситуација во која со повреда се здоби еден од судиите.

Финкграфе се обиде да исфрли топка во аут и го погоди судијата Торбен Зивер, кој не можеше да го продолжи натпреварот, па побара замена.

Негова замена беше четвртиот судија Николас Винер, но се создаде проблем бидејќи немаше друга замена за него, па организаторот пронајде навивач од трибините кој ја облече судиската опрема.

Тобијас Крул, кој е стандарден голман во германски нисколигаш, ја доби честа да биде судија на мечот.