Навивачите го бркаат Венгер по плажата: Човече, купи го Марез (Видео)


Роналдо и со 39 години ја предводи Португалија! ↓↓↓


Тоа ти се вика страст…

Навивачите на Емирати со сезони наназад носат транспарент на кој пишува:

„Купувај“

Јасна порака за Арсен Венгер да „се отвори“ и да доведе некое звучно засилување, кое ќе прави разлика во офанзивниот дел на екипата на Арсенал.

Тие фанови кои не се толку блиску до стадионот го искористија претстојот на Топџиите на американската турнеја за лично да му соопштат на францускиот стручнак што треба да направи до крајот на преодниот рок.

А навивачите се сложни во оценката дека Ријад Марез, една од првите ѕвезди на Лестер од минатата сезона, претставува бинго. Затоа еден од фановите, гледајќи го Венгер како опуштено се вози со велосипед по една плажа во Лос Анџелес, почна да го брка менаџерот на Арсенал и го проколнуваше:

„Венгер, само Марез, само Марез…“.

Арсен само се насмевнуваше. За на навивачите да му одоволи ќе мора да исплати 50 милиони евра, колку што Лестер бара за Алжирецот.

Инаку, Арсенал наредниот контролен меч во рамките на американската турнеја го игра ноќта меѓу недела и понеделник, против  мексиканска Гвадалахара.
https://www.youtube.com/watch?v=hOeODVrL3og