Навивачите го нападнаа Алиоски од сите страни, Арсенал и Лидс застанаа во одбрана!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Арсенал не можат да се помират со неуспехот на нивниот тим, кој одигра 0-0 против Лидс, иако многу лесно можеше и да загуби, но дополнително ги нервира фактот што Николас Пепе беше исклучен поради македонскиот фудбалер Езгјан Алиоски.

Постојано може да се прочитаат грозни пораки по социјалните мрежи на сметка на Алиоски, но и на Пепе, кој во стил на Зидан го удри македонскиот фудбалер, па поради тоа решија да се јават и клубовите.

„Ги истражуваме нападите кон Николас Пепе и Езгјан Алиоски на социјалните мрежи по мечот против Лидс. Ова е неприфатливо и ние ќе соработуваме со полицијата за да се пронајдат напаѓачите“, соопшти Арсенал.