Навивачите на Барселона го пречекаа Гризман и му испратија порака со предупредување! ?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Фудбалерите на Барселона вчера имаа тренинг пред дербито со Атлетико Мадрид, кое ги очекува во сабота. Единствен кој не присустувваше на тренингот беше Лионел Меси, кој се врати од Аргентина, па Роналд Куман му го продолжи одморот.

Во јавност се крена голема бура во претходните денови, зашто луѓе блиски до Антоан Гризман зборуваа против Меси, а многумина порачаа дека Аргентинецот е главен виновник што на Французинот не му оди најдобро во каталонскиот тим.

Новинарите го прашаа Меси да даде коментар за тоа, а тој им порача дека е уморен да биде виновен за тоа што се случува во клубот. А навивачите по тренинг го пречекаа Гризман и му испратија порака.

„Меси мора да се почитува“, гласеше пораката.