Навивачите на Интер го бојкотираат трансферот на Лукаку


Пред дербито, падна најважниот потпис во Манчестер Сити! ↓↓↓


Најверните навивачи на Интер порачаа дека нема да навиваат против Ромелу Лукаку, кој по една година помината во Челси се враќа во Милано, но тие нема ниту да го пречекаат.

Белгискиот репрезентативец минатата година реши да ја прифати понудата од Лондон и ги разочара навивачите на Интер.

„Не е важно кој бега од дождот, туку кој ќе остане за време на бурата. Го поддржувавме и третиравме како крал, а сега е ист како и останатите. Нема да навиваме против Лукаку, ако го облече дресот на Интер, но на теренот мора да ја заслужи нашата доверба“, порачаа навивачите.

Напаѓачот договори едногодишна позајмица вредна осум милиони евра плус бонуси.