Навивачите на Интер не простуваат: Ачерби е ултрас на Милан и ни ја одзема титулата! (Видео)


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Интер во последниот ден од преодниот рок успеа да се договори со Лацио за Франческо Ачерби, но тоа не им се допаѓа на навивачите на поранешниот италијански шампиони.

Ачерби јавно кажал дека е ултрас на Милан, а исто така често одел и по натпревари на актуелниот италијански првак.

„Навивач сум на Милан. Во минатото бев член на „Fossa dei Leoni“ (ултрас навивачката група на Милан). Со пријателите одев на натпревари на Милан на „Сан Сиро“. Последниот натпревар на кој бев е полуфиналето во Лигата на шампионите против Манчестер Јунајтед во 2007 година“, кажа Ачерби пред неколку години.

Ачерби минатата сезона го почести Милан и со гол во битката меѓу гигантите од Милано за титулата, а по него почна да се смее и тоа дополнително ги налути „нераѕурите“.