Навивачите на Јунајтед повредија полицаец во протестите на „Олд Трафорд“ 🎥


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Манчестер јунајтед денеска влегоа на „Олд Трафорд“, поради што мораше да биде одложено дербито против Ливерпул во Премиерлигата.

Фановите на Јунајтед бараат оставка од газдите на тимот, семејството Глејзерови, но не бираа начин на кој ќе влезат на стадионот.

Еден полицаец заработи повреда поради насилниот упад на навивачите на стадионот на „црвените ѓаволи“, поради што беше осуден нивниот потег од страна на клубот.

Навивачите го истуриле бесот врз невин полицаец, а од тимот порачаа дека не треба да се случуваат такви работи во иднина.