Навивачите на Лацио посветија транспарент на легендата на Рома (ФОТО)


    Како е да се биде професионален Counter-Strike играч! ↓↓↓


    Лацио синоќа одигра 3-3 против Болоња во 37. коло од италијанската Серија А на домашен терен, а на трибините се појавија прекрасни сцени, откако навивачите решија да испратат порака до фудбалерот на нивниот ривал Рома, Даниеле де Роси.

    Минатиот вторник фудбалерот на Рома на прес-конференција соопшти дека по 18 години го напушта тимот во кој ја помина целата кариера. Тоа очигледно беше шок за навивачите на Рома, но и за сите љубители на Калчо-лигата.

    Многу навивачи на Апенините во минатото коло му дадоа почит на легендата на Рома, а откако тоа го направија фановите на Јувентус, синоќа нешто слично направија и поддржувачите на Лацио.

    „Горд и нескршлив непријател на терен – Даниеле де Роси, Северот те поздравува!“, пишуваше на транспарентот на навивачите.