Во Манчестер Јунајтед може да бидат задоволни: Миленикот на фановите потпишува нов договор


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Во Манчестер Јунајтед во моментов не цутат рози, меѓутоа Оле Гунар Солскјер прави се што е во негова моќ за да го подигне нивото на клубот кој порано важеше за страв и трепет за противничките тимови.

Норвежанецот го крои тимот за следната сезона, а освен со трансфери,ангажиран е и со продолжување на договорите на некои од фудбалерите кои ќе го носат дресот на Јунајтед во иднина.

Така, „Дејли Стар “ пишува дека Маркус Рашфорд е пред потпишување на нов долгогодишен договор со клубот според кој ќе заработува огромни 300.000 фунти неделна плата. Ваквиот чекор од Манчестер Јунајтед го прават за да го заштитат Рашфорд од евентуален интерес од Барселона која подолго време ги следи неговите настапи.