Навивачите на Осасуна се појавија со палестински знамиња и скандираа „Умри Вајсман“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Навивачите на Осасуна пред натпреварот со Гранада (2-0) дадоа поддршка за Палестина со поставување знамиња на стадионот, а притоа и протестираа против одлуката на Ла Лига да се забранат знамињата.

Напаѓачот на Гранада и израелски репрезентативец Шон Вајсман одби да патува во посета на Памплона, откако бил предупреден за сопствената безбедност.

Неговиот потег не ги спречи навивачите да испратат грозни пораки до Вајсман и да скандираат „Умри Вајсман“.

Осасуна се соочува со нова казна сезонава, откако претходно фановите скандираа „Умри Гринвуд“.