Навивачите од ЕП се вратиле со корона – постои страв од ширење на вирусот!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Институтот за здравје на Финска потврди 80 случаи на коронавирус кај навивачите, кои се вратиле од Европското првенство (ЕП).

Финците во Санкт Петербург ги следеа натпреварите на нивната репрезентација против Белгија во рамки на последното коло од групната фаза.

Како и нивната репрезетанција, тие се вратија дома, но заразени со ковид-19. Навивачите се тестирале на граница и биле потврдени 80 позитивни тестови.

Властите стравуваат дека уште навивачи се заразени зашто сите не биле тестирани, па сега бараат да избегнуваат контакт со луѓе кои пристигнале од Русија.

Дури 3.000 навивачи се вратија од Русија, а околу 2.000 од нив беа тестирани, па сега сите се плашат дека може да се прошири повторно вирусот во Финска.