Навивачите во паника: Надал објави слика во гипс и патерици! 📸


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Рафаел Надал, шпанскиот тенисер и поранешен број еден во светот, предизвика паника кај неговите навивачи откако објави фотографија во гипс на социјалните мрежи.

Надал во Каталонија бил на операција на ногата, а откако излезе од болница реши да објави фотографија која ги исплаши неговите фанови.

„Сакам да ви соопштам дека бев во Барселона со својот тим и екипата докотори за да добијам третман поради кој ќе морам да отсуствувам од теренот некое време. Се враќам дома, каде што ќе го почнам процесот на рехабилитација“, кажа Надал.

Со оглед на тоа дека Надал во претходните месеци се бореше со многу повреди, голем број од неговите навивачи беа исплашени поради фактот дека може да го чека долга пауза.