Навивачка на Ѓоковиќ го провоцираше Надал во Акапулко


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Шпанскиот тенисер Рафаел Надал доминира во Акапулко, па така ја запиша 12. победа по ред од почетокот на сезоната и го урна рекордот од 2014 година, кога ја почна сезоната со 11 триумфи.

Тогаш во 12. меч загуби од Станислав Вавринка на Австралијан опен, но сега го освои Мелбурн и доминира во Акапулко.

По победата во прво коло, Надал го декласираше Стефан Козлов со 6-0 и 6-3, а една навивачка реши да го испровоцира.

Навивачката дојде во првите редови за да му покаже порака на Надал дека „Новак Ѓоковиќ е најголем тенисер во историјата“.

Борбата за тоа допрва ќе се води затоа што Ѓоковиќ има 20, а Надал дури 21 гренслем-титула, иако Ноле доминираше на Мастерсите и има 37 титули.