Најновите информации за состојбата на Кристијан Ериксен се позитивни


Зошто проблемот со улични кучиња СÈ УШТЕ постои? | Уште еден поткаст ↓↓↓


Данскиот фудбалер Кристијан Ериксен ќе биде отпуштен од болница во текот на денот откако колабираше на теренот за време на пријателскиот натпревар помеѓу Данска и Украина во неделата.

Фудбалската федерација на Данска соопшти дека Ериксен е „свесен, нормално функционира и е во добро расположение“. Докторот на националниот тим, Мортен Бесен, наведува дека времето го поминува со семејството.

Како што може да се дознае во овој момент, нема сериозни последици за момчето кое за време на Европското првенство 2021 доживеа срцев удар за време на натпреварот на „Паркен“ поради што од тогаш користи дефибрилатор кој му овозможи да ја продолжи фудбалската кариера.

Ериксен овој пат накратко го изгуби сознанието, а причината е реакцијата на самиот дефибрилатор кој, наводно, почувствувал аритмија.