НБА го објави составот на „Ѕвездите во подем“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


НБА-лигата го објави списокот со кошаркари за натпреварот со „Ѕвездите во подем“ на Олстар-натпреварот.

На листата се вклучени дури 21 кошаркар, меѓу кои се и Виктор Вембањама и Чет Холмгрен, но и седум играчи од „Г лигата“.

Олстар викендот ќе се одржи на 16 февруари во Индијанаполис, а дебитантите и кошаркарите кои се втора година во лигата ќе бидат поделени во три екипи за време на драфтот на 6 февруари.