Не е само Ибрахимовиќ: Милан во јануари носи и поранешен фудбалер на Јувентус


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Лошиот старт на сезоната од раководството на Милан ќе се обидат да го поправат со ангажман на неколку јануарски засилувања.

Нормално, најзвучно име е Златан Ибрахимовиќ кој е и најблиску до премин на „Сан Сиро“ каде треба да биде ударен играч за вториот дел од сезоната.

Натпреварите против Парма и Сасуоло ќе бидат од клучно значење за Криштоф Пјонтек кој има слаба сезона со само три постигнати погодоци. Со оглед на фактот што Евертон е заинтересиран за полскиот напаѓач, од Милан ќе предложат директна размена на играчи и ќе се обидат во своите редови да го донесат Моизе Кен кој не се снајде најдобро на Островот.