Не е шала, Манчестер Сити го посакува Марин!

Спрема пишувањата на Скај Спорт, Манчестер Сити се вклучува во трка за младиот фудбалер на Динамо од Загреб, Антонио Марин.

Талентираниот везист има само 18 години, а вниманието кон себе го сврте со одличната игра во ремито на младиот тим на Динамо против Сити, кога асистираше за еден гол.

Во прашање е еден од најперспективните хрватски фудбалери кои исто така го следат Челси и Виљареал.

Исто така, настапува за младата репрезентација на Хрватска, а договорот со Динамо го врзува до летото 2024. година.