Не мисли на пензија: Ибрахимовиќ доби нова понуда од Италија


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Шведскиот напаѓач Златан Ибрахимовиќ има договор со Милан до јуни, по што ќе си замине од екипата, но најверојатно ќе остане во Италија.

Медиумите пишуваат дека Монца сака да го ангажира Ибрахимовиќ, а Адријано Галијани се надева дека ќе го убеди шведскиот напаѓач да стави потпис со неговиот тим.

Ибрахимовиќ во октомври ќе наполни 42 години, а беше долго време и повреден, но и покрај тоа сака поголема минутажа на теренот, а би можел да ја добие во Монца.

Швеѓанецот имаше добар однос со Галијани, пред да го продаде во ПСЖ, но очигледно во меѓувреме ги надминале недоразбирањата.