Не мисли на пензија: Ибрахимовиќ потпиша нов договор со Милан!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Златан Ибрахимовиќ се покажа како одлично засилување за Милан, кој минатата сезона успеа да ја освои Серија А по долга пауза, па денеска потпиша нов договор со шведскиот напаѓач.

Легендарниот напаѓач реши да продолжи со фудбалската кариера, па потпиша соработка на уште една година со италијанскиот гигант.

Ибрахимовиќ се согласи на драстично намалување на платата, па така ќе заработува „само“ милион евра годишно плус бонуси за голови и асистенции.

Швеѓанецот ќе ја одигра 25. сезона во професионалната кариера и ќе се обиде да ја одбрани титулата во Италија со Милан.