Не му требаше ова: Милан загуби, а Донарума ги изнервира фановите!


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Милан загуби со 0-3 во дербито против Лацио и сега падна на петтата позиција на табелата во Серија А, со што си ја искомплицира борбата за Лигата на шампиони (ЛШ).

Џанлуиџи Донарума е еден од луѓето кои постојано се поврзуваат со заминување од Милан на крајот на сезоната, а клубот му понуди да ја продолжи соработката.

Идејата на „росонерите“ е Донарума да потпише договор со плата од осум милиони евра, но неговиот менаџер Мино Рајола бара 10 милиони.

Донарума ги изнервира и навивачите на Милан со неговиот потег по натпреварот со Лацио. Иако „росонерите“ загубија важен меч, голманот почна да разговара со Пепе Реина и се смееше како неговата екипа да победила.