Не постои човек кој би му го направил на Путин тоа што успеа Хамилтон!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Еден од најдобрите возачи во Формула 1, Луис Хамилтон во 2015 година направи потег на кој ретко дека некој би се осмелил.

Британецот славеше на трката за Големата награда на Русија во Сочи, а наградата за триумф му ја додели рускиот претседател Владимир Путин.

Неговата средба со Путин ќе остане запаметена како една од најчудните кои се случиле на прославата на победата во Ф1.

Хамилтон со шампањ го испрска рускиот претседател, кој сакаше да избега од сцената што е можно побрзо.

Три години подоцна Путин се најде со Хамилтон повторно очи во очи, а Британецот му вети дека ќе биде повнимателен и нема да го испрска таа година.