„Не постои таква сума на пари за која би го продале Гвардиол во јануари!“


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Хрватскиот репрезентативец Јошко Гвардиол е еден од најбараните дефанзивци во светот, а тој најмногу се поврзуваше со трансфер во Челси, но Лајпциг не попушта.

Лајпциг бара над 100 милиони евра, колку што изнесува откупната клаузула на Хрватот и важи од следната година, но директорот на екипата, Макс Еберл вели дека не постои сума за која би го продале 20-годишниот дефанзивец.

„Гвардиол има договор со нас до 2027 година и нема да го продадеме. Постојано контактираме со неговиот менаџер. Нема пари за кои би го продале во јануари. Дефинитивно ќе остане кај нас“, кажа Еберл.