Не се сите по парите: Заработува 12 милиони евра, но сака да замине од ПСЖ


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Голем број фудбалери играат за да заработат што е можно повеќе пари за да уживаат по крајот на кариерата, но не се сите исти и тоа го докажува голманот Кејлор Навас.

ПСЖ троши околу 370 милиони евра на плати секоја година, а просечната плата изнесува повеќе од 10 милион евра.

Меѓу фудбалерите кои заработуваат многу пари е и искусниот голман Навас, кој сака да замине од тимот, иако заработува 12 милиони евра и тешко би добил поголема плата на друго место.

„Имам добар однос со Џанлуиџи Донарума. Но сакам да играм на сите натпревари. Ако бидам во иста ситуација како оваа сезона, ќе биде комплицирано. Работите мора да се менуваат“, вели голманот.