Не се случува Атлетико Мадрид секој ден…


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Десниот бек на Хрватска би требало да биде идеален за стратегијата на “Јорганџиите”.

Селекцијата на Хрватска беше една од најдобрите на Европското првенство во Франција, но за жал немаше многу среќа па беше елиминирана од Португалија во 1/8 финалето.

Десниот бек на репрезентацијата и сега веќе поранешниот фудбалер на Сасуоло, Шиме Вршаљко потпиша договор со вицешампионот на Европа, Атлетико Мадрид.

“Играњето во Атлетико Мадрид претставува голем предизвик за мене, многу сум среќен”– изјави Вршаљко после потпишувањето на договорот.
Своето задовлство не го криеше ниту спортскиот директор на клубот Хозе Луис Каминеро.

“Вршаљко е играч со голем потенцијал и квалитетот веќе го потврди. Неговото доаѓање во клубот совршено ја исполнува нашата идеја за зголемување на конкуренцијата. Тој е играч кој може многу да ни користи, може да игра на двете страни и претставува одлична алтернатива во дефанзивата”- изјави Каминеро.