Не учат од своите грешки: Инфантино предлага дури 40 селекции на СП


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Светското фудбалско првенство во 2026 година ќе биде проширено на 40 репрезентации учесници, а Африка ќе добие две дополнителни места, изјави претседателот на ФИФА Џани Инфантино.

Инфантино предложи проширување од 32 репрезентации на 40 на СП уште во февруари пред што е избран за претседател на ФИФА.

Од Африка на СП моментално одат пет репрезентации.

„Мој предлог е 40 репрезентации и ако се освои тогаш Африка ќе добие најмалку две дополнителни места“, рече Инфантино, а пренесува ББС.

Оваа одлука нема да стапи на сила до 2026 година, а на СП во Русиаја во 2018 година и во Катар во 2022 година и понатака ќе учествуваат 32 репрезентации. Домаќинот на СП во 2026 година сеуште не е познат.