Нејмар дознал за смртта на Брајант во соблекувалната, а сега опиша како изгледало сето тоа


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред повеќе од два месеци, целиот свет беше во шок, откако беше потврдено дека се случила ужасна хеликоптерска несреќа во која загина Коби Брајант.

Брајант беше убиен во близина на Лос Анџелес во хеликоптерска несреќа, заедно со девет други, меѓу кои и неговата ќерка, Џана. Смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња ја потресе светската јавност, а многумина со денови беа во шок.

За тоа зборуваше и бразилскиот фудбалер Нејмар, кој беше меѓу првите што му оддаде почит на Коби. Тоа беше натпреварот помеѓу ПСЖ и Лил кога Нејмар на полувреме дознал дека неговиот пријател починал.

Потоа, Бразилецот успеа да постигне гол во второто полувреме, кој му го посвети на Брајант со покажување број 24. Повеќе од два месеци по трагичниот настан, Нејмар реши да зборува за сето тоа.

“Го запознав Коби во Париз затоа што порано доаѓаше. Имавме посебен однос затоа што тој е голем човек и светот навистина многу изгуби. Неговата смрт навистина ме потресе затоа што имавме многу заедничко како спортисти. Јас му го посветив тој гол, но и јас бев во голем шок тогаш заради сè.Во соблекувалната на полувремето ни кажаа што се случило и сите бевме во шок.