Нејмар коментираше на објавата на Меси за Суарез и покажа во каков хаос се наоѓа Барселона (Фото)


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Во текот на вчерашниот ден Луис Суарез имаше емотивна пресконференција со која и дефинитивно  кажа збогум на Барселона.

Уругваецот буквално беше избркан од тимот од страна на новиот стратег, Роналд Куман, па сега кариерата ќе ја продолжи во Атлетико Мадрид.

Лео Меси денес преку Инстаграм се прости од својот најдобар другар, а на објавата на Меси краток коментар остави и Нејмар кој беше дел од славното МСН трио на Барселона.

„Неверојатно е ова што го прават“- кратко напиша Нејмар алудирајќи на потезите кои ги повлекува управата на Барселона која влегува од хаос во хаос.