Нејмар откри: Две недели пред да заминав, тврдев дека ќе останам…


Вака се слави гол во 120-та минута!!! ↓↓↓


Бразилскиот репрезентативец, Нејмар вели дека имал доста проблеми во пресрет на донесувањето на одлуката за напуштање на Барселона.

Нејмар две недели се двоумел, на крајот одлучи да замине во Париз, а претходно на соиграчите им тврдел дека ќе остане со нив.

„Барселона е клубот кој отсекогаш ме воодушевувал и се уште ме сака. Разговарав со колегите, но сакав нешто ново“, изјави Нејмар во интервју за ЕСПН.

„Донесов тешка одлука. Имаше моменти во кои се сомневав, зборував да останам и тоа траеше две недели, а потоа одлучив да заминам иако претходно на соиграчите им кажав дека ќе останам. Сакав некој нов предизвик“, порача.

Нејмар беше доста критикуван кога беше фатен во карневалот во Бразил само неколку дена откако беше тешко повреден.

„Тоа ми пречеше, бев повреден, но можев да одам. Тренирав два месеци. Она што најмногу ме нервира е кога гледам како играчите зборуваат за тоа. Тие играа и го правеа истото, и некои полоши работи“, се пожали Бразилецот.

Тој проговори и за својот стил на играње.

„Мојот начин на играње веќе се знае: ја земам топката и одам напред. Мојојот најдобар квалитет биле и се дриблинзите. Мојот стил е она што ги тера луѓето да дојдат на стадион. Никој не сака да гледа удирање по нозете, дека тоа го сака, тогаш би оделе да гледаат ММА или бокс. Го сакам стилот кој го негувам, и тоа ќе продолжи така“, заклучи Нејмар.