Нејмар потпиша до 2025 година со ПСЖ: Среќен сум што ќе останам во Париз!

ПСЖ денеска официјално потврди дека бразилскиот фудбалер Нејмар потпишал нов договор со клубот.

Бразилецот со францускиот првак договори продолжување на соработката до 2025 година и така стави крај на големиот број шпекулации кои се споменуваа во минатите години.

Нејмар по потписот на договор кажа дека големо задоволство за него е што ја продолжил соработката со тимот во кој е среќен.

„Мое големо задоволство е тоа што останувам во ПСЖ. Среќен сум во Париз и горд што сум дел од оваа група, тоа што го правам со овие играчи, одличниот тренер и што заедно испишуваме историја на клубот. Тука има работи кои ме тераат да верувам во проектот. Созреав како личност во Париз, се изградив како човек и фудбалер“, вели Нејмар.