Некогашниот легендарен тенисер со чудна теорија на заговор: Ова е подготовка луѓето да се чипираат


Кој ќе тепа на Ел Класико!? ↓↓↓


Некогашниот светски рекет број еден, Марат Сафин има навистина чудна теорија на заговор поврзана со коронавирусот.

Сафин е познат како човек кој секогаш бил без влакна на јазикот, па и сега изјави дека верува дека вирусот Ковид-19 е само подлога за тоа луѓето еден ден да бидат микрочипирани.

„Мислам дека со ова луѓето се подготвуваат да бидат микрочипирани. Бил Гејтс уште во 2015 година рече дека не чека пандемија, дека следниот непријател ќе ни е вирус, а не нуклеарна војна. Изведао и симулација за време на форумот во Давос, тестираа како ќе изгледа пандемијата. Не верувам дека Бил Гејтс е видовит, тој знаеше дека се ова ќе се случи. Мислам дека ситуацијата со овој вирус не е таква каква што ни ја претставуваат, но луѓето веруваат, веруваат во тие хорор приказни кои ги гледаат на телевизија. Има луѓе кои мислат дека на цивилизацијата и се ближи крајот, јас не сум меѓу нив. Јас мислам дека наскоро ќе не чипираат“ –изјави Марат Сафин.