Некој испратил анонимно писмо во кое бара да се застрелаат Левандовски, Ноер и Гнабри!


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Германската полиција истражува кој испратил анонимно писмо во кое побарал ѕвездите на Баерн Минхен, Роберт Левандовски, Мануел Ноер и Серж Гнабри да бидат застрелани како „баварски свињи“.

„Билд“ објави дека писмото пристигнало на 12 јанури и на него пишувало „Спаси ја лигата, спаси го фудбалот“, по што се побарало стрелање на споменатите фудбалери на баварскиот гигант.

Полицијата работи на решавање на случајот, а портпарлото за германските медуми кажа дека во тек е истрага која треба да покаже кој испратил таква грозна порака.

„Истрагата се води поради сомневање за рушење на јавниот ред, со закана дека ќе биде извршено кривично дело. Истражуваме за да откриеме од каде е испратена оваа закана“, соопшти портпаролот на полицијата.

Баерн Минхен е на праг до нова титула во Бундеслигата, затоа што во финишот од сезоната има шест бодови повеќе од Борусија Дортмунд.