„Некој од горе гледа сè, тој нека суди! Ни забранија да даваме изјави, ама ќе дојдат нашите – пет минути“


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Пред неколку дена вистинска бура во шпанските медиуми предизвика снимката на која Карим Бензема му зборува на Менди како треба Винисиус Жуниор да игра на теренот.

На полувреме на мечот со Борусија Менхенгладбах, Бензема направи потег за кој зборуваше цела Шпанија.

„Случајот на Јовиќ е посебен. За 15 месеци, неговата вредност падна на 25 милиони евра од 60 милиони. Зидан не го сака, а постои и популарната изјава на Борха Мајорал“, пишува шпански „АС“.

Таткото на Јовиќ даде изјава по тоа што се случуваше во „кралскиот клуб“.

„Некој од горе гледа, па нека суди. Ние ги чекаме нашите пет минути, се надеваме дека ќе дојдат. Тоа можам да ви го кажам. Ми се јавија и од шпанските медиуми, но не смееме да даваме изјави“, кажа Милан Јовиќ.