Нема крај на проблемите на Реал Мадрид: Со кои фудбалери ќе игра Анчелоти против Билбао?


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Реал Мадрид соопшти дека најнови заразени фудбалери со вирусот се Иско и Давид Алаба, кои ќе мора да бидат во самоизолација и нема да можат да му помогнат на тренерот Карло Анчелоти.

„Кралевите“ имаат големи проблеми со позитивни фудбалери на вирусот, а бројката постојано расте и не е познато дали следните натпревари на Реал ќе се играат според планот.

Иско и Алаба се најновите заразени, кои се додадоа во листата на која веќе се наоѓаат Лука Модриќ, Родриго, Марко Асенсио, Герет Бејл, Марсело и Лунин.

Реал утре од 21.30 часот ќе се соочи против Атлетик Билбао во рамки на шпанската Ла Лига, каде што „кралевите“ се лидери на табелата.