Нема никакво враќање во Турција, Елмас и официјално го продолжи договорот со Наполи


Шанса да станеш YouTuber! Приклучи се! ↓↓↓


Изминатиов период доста се шпекулираше за иднината на македонскиот репрезентативец Елиф Елмас во Наполи.

Се појавија шпекулации дека тој би можел да се пресели во Галатасарај, но од тоа нема да има ништо по денешните официјални вести од Неапол.

Имено, Елмас е еден од тројцата фудбалери на Наполи кои ја продолжија соработката со клубот до 2025 година.

Освен Елмас, со Наполи нови договори потпишаа и Џовани Ди Лоренцо и Марио Руи.